Известување од Адинг АД Скопје
четврток, 02 јуни 2005
Адинг АД Скопје известува дека Надзорниот одбор на Друштвото на седницата одржана на ден 23.05.2005 година, поради истек на мандатот на претходниот состав, изврши избор на членови на новиот состав на Управен одбор кој има мандат во наредните 4 години и тоа: Филипоски Петре - претседател; Дончев Благој - заменик претседател; членови - Петровски Зоран, Каратуков Дончо и Каранфилов Љубчо.
Истовремено, Адинг АД Скопје известува дека членовите на управата на Друштвото (Надзорен и Управен одбор) заедно со поврзани лица, имаат вкупно 16.405 акции односно 33,96% учество во основната главнина на друштвото.