Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 30.04.2007
среда, 02 мај 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.04.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 319 сопствени обични акции по цена од 7.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.04.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 139 обични акции,
-Алкалоид АД Скопје – 198 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 104 обични акции,
-ОХИС АД Скопје – 101 обични акции,
-Витаминка АД Прилеп – 64 обични акции.