Известување од Макпетрол АД Скопје
петок, 02 април 2004
Макпетрол АД Скопје објавува дека на 25.04.2004 година со почеток во 11 часот, во хотел „Макпетрол“ во Струга, ќе се одржи VI-та редовна годишна седница на Собрание на акционери, со следниот Дневен ред:
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Верификација на список на присутни акционери односно нивни застапници;
- Утврдување на бројот на гласови за работа и одлучување на Собранието (кворум);
- Определување на Комисија за оверување на записникот од седницата на Собранието;
II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Испитување на Годишната сметка и Годишниот извештај за 2003 година:
1/1. Годишен извештај за работењето на Друштвото;
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото;
1/2. Извештај од Надзорниот одбор за извршената контрола над управувањето и извршената ревизија на Годишната сметка за 2003;
- Предлог: Одлука за усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето и раководењето со Друштвото;
1/3.Утврдување на Годишната сметка за 2003 и одобрување на работењето на органите на управување;
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2003
- Предлог: Одлука за одобрување на работењето на органите на управување на Друштвото;
2. Распоредување по годишна сметка;
- Предлог: Одлука за распоредување по годишна сметка;
Одлука за утврдување дивиденден календар;
Одлука за купување сопствени акции;
3. Определување ревизори на Годишната сметка за 2004 година;
- Предлог: Одлука за определување ревизори на Годишната сметка за 2004 година;
4. Одобрување средства за позајмици на вработените во ,,Макпетрол";
- Предлог: Одлука за одобрување средства за позајмици на вработените во ,,Макпетрол".
Во рамките на распоредувањето на добивката од органите на управување на Друштвото, предложено е Собранието да донесе одлука за исплата на дивиденда во висина од 3% од номиналната вредност на една акција односно заокружено на 944,00 денари по една акција, со следниов дивиденден календар:
- последен ден на тргување со право на дивиденда е 17.06.2004 година и спроведената евиденција во акционерската книга за ова тргување ќе биде пресек на книгата на акции;
- прв ден на тргување без право на дивиденда е 21.06.2004 година;
- исплатата на дивидендата ќе се изврши најдоцна до 30.09.2004 година.