Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 01.03.2007
петок, 02 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 01.03.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 9.658 сопствени обични акции по цена од 936 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 01.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Тетекс АД Тетово – 22 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 24 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 48 обични акции.