Известување од Алкалоид АД Скопје во врска со порастот на цената на акциите на друштвото
среда, 02 март 2005
Во врска со константниот пораст на цената на акциите на Алкалоид АД Скопје, раководството на друштвото достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува одредени ценовно осетливи информации кои би можеле да имаат влијание на движењето на цената на акциите на друштвото.