Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 01.12.2005
петок, 02 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 01.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-509 сопствени обични акции по цена од 38 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-150 сопствени обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 01.12.2005 година Охридска банка АД Охрид изврши откуп на 1.414 сопствени обични акции по цена од 5.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
На 01.12.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 4 сопствени обични акции, по цена од 2.980 денари за една акција, како дел од 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 01.12.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 798 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид - 1 обична акција,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 6.430 обични акции,
-Инвестбанка АД Скопје – 120 обични акции,
-Реплек АД Скопје – 24 обични акции,
-Лотарија на Македонија АД Скопје – 188 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид - 2 приоритетни акции.