Известување од Благој Ѓорев АД Велес
четврток, 02 декември 2004
Благој Ѓорев АД Велес достави известување до Македонската Берза во кое е наведено дека друштвото нема сознанија за постоење на одредена информација која би влијаела на порастот на цената на акциите на Благој Ѓорев АД Велес во последните денови на тргување. Друштвото наведува дека доколку во текот на наредните денови се стекне со одредена информација, веднаш за тоа ќе ја извести Македонската Берза.