Внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување
понеделник, 02 ноември 2026

Ве известуваме дека Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола.