На 04.11.2020 година, ќе започне со примена новата одлуката за измени на Правилата за котација донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 16.10.2020 година, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение УП1 08-113 од 26.10.2020 година.
Со овие измени се прави допрецизирање на основите и начините за внесување на котираните издавачи на Листата на набљудување, односно се предвидува можност Берзата да внесе на Листата на набљудување и издавач којшто не ги прекршил Правилата за котација, доколку се процени дека поради постоење на други поспецифични ситуации и настани поврзани со хартиите од вредност или со издавачот, е потребно да и се обрне внимание на инвеститорската јавност за постоењето на вакви околности. Воедно, со измените се прецизира правото на жалба при внесување на издавач кога се изрекува мерка за внесување на Листата на набљудување, како и динамиката на постапување на Берзата во врска со оваа проблематика.
Пречистениот текст на Правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања направени со оваа Одлука може да ги најдете на следниот линк: https://www.mse.mk/mk/content/21/1/2008/listing-rules