Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 01.11.2004 година
вторник, 02 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 01.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 457 сопствени обични акции и тоа:
o 407 обични акции по цена од 2.750 денари за една акција, преку 1 трансакција и
o 50 обични акции по цена од 2.752 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 12 сопствени обични акции, по цена од 12.150 денари за една акција, преку 3 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 01.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје – 7 обични акции;
- Тутунски комбинат АД Прилеп – 115 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 155 обични акции;
- Гранит АД Скопје – 403 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје – 2 приоритетни акции;
- Макстил АД Скопје – 422 обични акции.