Нова структура на капиталот на Авиоимпекс АД Скопје
четврток, 02 октомври 2003
На 29.08.2003 година на јавна берзанска аукција беа продадени 39.736 акции на Авиоимпекс АД Скопје (38,89% од главнината на друштвото) во сопственост на Агенцијата на РМ за приватизација. Купувачи на акциите се:
- Друштво за трговија на големо и мало Интеримпекс ДОО, Увоз-Извоз Скопје со 19.868 акции, односно 19,45% од главнината и
- Друштво за воздушен сообраќај и трговија Мак-Ер ДОО Скопје со 19.868 акции, односно 19,45% од главнината.
Со тоа, новата структура на капиталот на друштвото е следна:
90,23% акционерски капитал и
9,77 % Фонд за ПИОМ (приоритетни акции).