Измени во статутот на Македонијатурист АД Скопје
четврток, 02 октомври 2003
Согласно забелешките од Македонската берза на долгорочни хартии од вредност АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје изврши измени во статутот на друштвото, во поглед на негово усогласување со Законот за хартии од вредност.
Измените се однесуваат на:
- промена на износите од Денари или ДЕМ во ЕВРА;
- пропишување на водењето на акционерската книга во ЦДХВ;
- бришење на членовите 26, 32, 33, 34, 35 и 36.