Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 02 јануари 2008
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.12.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 16 сопствени обични акции по цена од 50.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тетекс АД Тетово – 89 oбични акции;
-Алкалоид АД Скопје – 135 обични акции;
-Бетон АД Скопје – 8 обични акции;
-Комерцијална банка АД Скопје – 20 обични акции.