Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 18.09.2006
вторник, 19 септември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 18.09.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 10 сопствени обични акции по цена од 2.975 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 215 сопствени обични акции по цена од 3.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.09.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ЗК Пелагонија АД Битола – 91 обични акции,
-Факом АД Скопје – 46 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 27 обични акции.