Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани компании на 15.09.2005
понеделник, 19 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 15.09.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции: -РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 309 сопствени обични акции по цена од 31 денар за една акција, преку 3 трансакции. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.09.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): -РЖ Економика АД Скопје – 1.236 обични акции; -РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 22 обични акции; -Макстил АД Скопје - 482 обични акции; -ЗК Пелагонија АД Битола - 6.000 обични акции.