Конверзија на приоритетни во обични акции на Комерцијална банка АД Скопје
понеделник, 19 септември 2005
Комерцијална банка АД Скопје известува дека на барање на акционери-сопственици на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје број 02-1600-11398/25.03.2004 година донесена на 17-та редовна седница на Собранието на Банката одржана на 24.03.2004 година, Банката достави барање до Централниот депозитар за хартии од вредност да изврши конверзија на вкупно 1.226 приоритетни акции во 1.226 обични акции издадени од Банката. Централниот депозитар за хартии од вредност со писмо ја известил банката дека постапил по нејзиното барање. Со тоа, новата состојба на бројот на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје: - 158.788 приоритетни акции и - 1.855.279 обични акции.