Известување од Алкалоид АД Скопје
понеделник, 19 септември 2005
-Во трговскиот регистар на регистарскиот суд при Основен суд Скопје I Скопје, П. Трег.бр. 5775/2005 е извршена промена на членови на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје - отповикување на лицето Димитар Пејчиновски и именување на лицето Милкица Глигорова и
-Во трговскиот регистар на регистарскиот суд при Основен суд Скопје I Скопје, П. Трег.бр. 5878/2005 е извршен упис на зголемување на основната главнина на Алкалоид АД Скопје. Акциите гласат на име, номиналната вредност изнесува 25,56 ЕУР. Основната главнина на друштвото е поделена на 1.431.353 акции, од кои: 1.339.673 обични акции, 88.452 приоритетни акции на Фонд на ПИОМ и 3.228 акции резервирани за поранешни сопственици.