Прекин на тргувањето со обврзници за девизни влогови на 29.09 и 30.09.2003 година
петок, 19 септември 2003
Согласно Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните, по кои гарант е Република Македонија, (Службен весник на РМ бр.32/2000, 108/2000, 04/2002 и 42/2003) исплатата на главнината и каматата на обврзниците издадени за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните за периодот од 01 Април до 30 Септември 2003 година се врши на 01 Октомври 2003 година.
Имајќи ги предвид Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, според кои порамнувањето на трансакциите со обврзниците се врши во период од три дена од денот на склучувањето на трансакцијата, заради пресметка на каматата со состојбата 01.10.2003 година, привремено се прекинува тргувањето со обврзниците на РМ01 на 29 и 30 Септември 2003 година.