Денеска, 19-06-2019 година (среда) официјално започна тридневната Сертифицирана обука за корпоративни секретари која Македонската Берза АД Скопје ја организира заедно со Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Институтот на директори.
Структурата на пријавени слушатели кои ја следат Програмата за корпоративен секретар или внатрешен правен консултант, се претставници на македонски акционерски друштва, финансиски институции, како и од банкарскиот и осигурителниот сектор.
Обуката се одржува во периодот 19.06-21.06.2019 година со почеток од 13.00 часот до 18.00 часот во просториите на Македонската Берза.
Во рамките на оваа обука, предавачите ќе ги воведат слушателите во корпоративното управување, ќе ги запознаат со улогата и основните функции на корпоративниот секретар, како и со динамиката, евалуацијата и ефикасноста на состаноците на одборот, акционерските собранија, известувањето и со воспоставувањето на комуникацијата.
Се очекува слушателите да ги усовршат своите вештини во оваа проблематика и тоа во соработка со предавачите, кои се исклучителни експерти во својата област и кои согласно структурата на Програмата на обуката се одлични познавачи на оваа материја.