На седницата одржана на 19.06.2018 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Седумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација.
Седумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Седумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 5.000.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 5.000.000;
- Датум на издавање: 13.06.2018 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 13.06.2018 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2028 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2019 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 21.06.2018 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF200DH3;
- Шифра за тргување на Берзата: RMDEN17;
- Распоред на тргување: Континуирано тргување.
Котација на Седумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација
вторник, 19 јуни 2018