Ново на веб страната на Македонска берза
петок, 19 јуни 2015

Во насока на подобрување на квалитетот на содржините на интернет страницата на Берзата, a со цел побрзо и поедноставно информирање на јавноста за сите настани организирани од страна на Македонска берза, Ве информираме дека Берзата на својата веб страна креираше посебно ново мени во делот За Берзата –Конференции на берзата.

Новокреираното мени “Конференции на берзата” ви дава можност на едно место да имате пристап до сите објави во врска со годишните конференции што самостојно или во соработка со други институции ги организираше Берзата почнувајќи од 2005 година.


Воедно, во подменито за последната конференција што се одржа во месец мај е објавен краток осврт на дискусиите во рамките на дебатниот форум “
25 години пазарна економија во Република Македонија и состојбите на пазарот на хартии од вредност’, како и излагањето на Главниот извршен директор на Берзата г-динот Иван Штериев.




Македонска берза АД Скопје