Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.06.2006
понеделник, 19 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.06.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 167 сопствени обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 16.06.2006 година Тетекс АД Тетово изврши продажба на 2.750 сопствени обични акции по цена од 310 денари за една акција, преку 29 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 216 обични акции.