Регионална инвеститорска конференција на берзите од ЈИ Европа
вторник, 19 мај 2009
Третата по ред инвеститорска конференција „SEE Regional Capital Markets Conference” во организација на берзите од Љубљана, Загреб, Скопје, Сараево, Бања Лука, Подгорица и Белград ќе се одржи на 21 мај оваа година во белградскиот хотел Континентал. На настанот ќе присуствуваат претставници на 22 компании од земјите учеснички на конференцијата и околу 50 институционални инвеститори (брокерско-дилерски друштва, фондови и банки) од регионот, како и од Западна Европа.
 
Настанот ќе биде организиран во соработка со Raiffeisen банката од Белград и Raiffiesen Centrobank од Виена. Покрај презентациите на издавачите, ќе се одржат и повеќе од 100 индивидуални состаноци помеѓу претставници на издавачите и на инвеститорите. Целта на Конференцијата е промоција на регионалниот пазар на капитал и на водечките регионални издавачи на хартии од вредност, како и унапредување на односите со инвеститорите за компаниите кои ќе се претстават за време на истата.
 
Котирани компании на Македонската берза кои ќе се претстават на оваа инвеститорската конференција во Белград се: Гранит АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Топлификација АД Скопје.
 
Промоцијата на регионалниот пазар на капитал и издавачите на хартии од вредност се базира на Маморандумот за партнерство потпишан во декември 2007 година, во чии рамки, покрај организацијата на инвеститорски конференции, се креираат и развиваат заеднички индекси и други форми на промоција на земјите потписнички на Меморандумот.


  

 
Директорите на берзите од ЈИ Европа