Презентација на резултати од второто истражување на веб страниците на водечките котирани друштва
вторник, 19 мај 2009
На 19 мај 2009 година во хотелот “Карпош“ Скопје се одржа презентиција на резултатите од второто истражување на веб страниците на водечките котирани друштва на Македонската берза. Истражувањето е проект на Македонската берза во соработка со Програмата Партнери за финансиска стабилност (Partners for Financial Stability Program), а неговата реализација ја поддржаа Проектот за деловно опкружување во Македонија на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Проектот за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

Целта на истражувањето е да се утврди дали компаниите преку своите веб страници обезбедуваат соодветни и корисни информации за потенцијалните инвеститори, како и дали компаниите соодветно информираат за преземените активности од областа на корпоративното управување и општествената одговорност.

Директорот на Програмата Партнери за финансиска стабилност, г-нот Џефри Мазуло, ги презентираше резултатите од компаративните истражувања на веб страниците на 10-те водечки акционерски друштва во Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија.

Претставникот на Белгардска берза г-ѓа Весна Илиќ Љушиќ ги презентираше резултатите од нивното истражување кое ги опфаќа водечките 10 друштва што тргуваат на Белградската берза и на тие од составот на индексот Belex15.

Согласно програмата на настанот, беше одржанаи презентација во која г-ѓа Јанка Димитрова од Идеја Плус Брокер АД Радовиш ги запозна присутните со резултатите од студијата со која се анализира можноста за мобилизација на капитал во Република Македонија преку емисија на хартии од вредност.




    




Презентацијата на резултатите од второто истражување на веб страниците на водечките котирани друштва на Македонската берза (Посебен прилог за 10-тата Годишна Конференција pdf 9,39 MB)


 Презентацијата на г-нот Џефри Мазуло

(Посебен прилог за 10-тата Годишна Конференција pdf 3,59 MB)


Презентацијата на г-ѓа Весна Илиќ Љушиќ
(Посебен прилог за 10-тата Годишна Конференција pdf 5,98 MB)


Презентацијата на г-ѓа Јанка Димитрова
(Посебен прилог за 10-тата Годишна Конференција pdf 1,59 MB)