Известување од Стопанска банка АД Битола
четврток, 19 мај 2005
Стопанска банка АД Битола известува дека Собранието на банката на 23.03.2005 година донело Одлука за откуп на сопствени акции. Во одлуката е наведено дека Стопанска банка АД Битола може да врши откуп на сопствени акции до 10% од вкупните акции на Банката. Откупените акции ќе бидат продадени во рок од една година од денот на стекнувањето. Откупната цена на акциите е најмногу до нивната номинална вредност, односно до 3.000 денари.