Ревидиран извештај за 2003 година на Топлификација АД Скопје
среда, 19 мај 2004
Топлификација АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 93.093.000 денари. Вкупната актива на Топлификација АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 2.222.618.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 659.053.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Топлификација АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.