Ревидиран извештај за 2003 година на Скопски пазар АД Скопје
среда, 19 мај 2004
Скопски пазар АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 32.953.000 денари. Вкупната актива на Скопски пазар АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 993.897.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 349.850.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Скопски пазар АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.