Откуп на сопствени акции и нетровски трансфери на акции од котирани друштва на 16.03.2007
понеделник, 19 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.03.2007 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 318 сопствени обични акции по цена од 360 денари за една акција, преку 2 трансакции и 163 сопствени обични акции по цена од 350 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика Ад Скопје – 24 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 564 обични акции,
- Бетон АД Скопје – 7 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 25 обични акции,
- Охридска банка АД Охрид – 32 обични акции,
- Тетекс АД Тетово – 7 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 207 обични акции.