Тркалезна маса “Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност во Република Македонија“
среда, 19 февруари 2014

Скопје, 19 февруари 2014 година – Во организација на  Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија се одржа тркалезна маса на тема: „Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност во Република Македонија?“. 
  
                                               

                                                                                            Учесниците на тркалезната маса

Целта на оваа тркалезна маса е да ги поттикне друштвата преку издавање на хартии од вредност да дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти, што пак ќе го заживее пазарот на капитал и ќе ја збогати понудата на хартии од вредност. 

Учесниците на тркалезната маса Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисија за хартии од вредност на РМ, Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Борислав Атанасовски, Претседател на Институтот на овластени ревизори на РМ, Јордан Трајков, Мнозински сопственик на Винарија Попова Кула и Ѓорѓи Палевски, Извршен директор на Поштел Брокер АД Скопје ги дадоа своите видувања околу тоа дека овој начин на финансирање на друштвата треба да е позастапен во Република Македонија и зошто на домашниот пазар на хартии од вредност нема јавни понуди и се осврнаа на некои специфики при издавањето на хартии од вредност по пат на јавна понуда во минатото. Воедно, тие упатија повик до сите друштва ваквиот начин на финансирање на својот раст и развој да го гледаат како еден од алтернативните извори на финансирање.
 
                                               
                                                 Претседателот на КХВ г-ѓа Чингаровска и Главниот извршен директор на Берзата г-дин Штериев

За време на настанот беше промовирана публикацијата “Водич за Јавна понуда на хартии од вредност”, изработена од Македонската берза АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Во Водичот се објаснува постапката за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда како начин на прибирање на слободен паричен капитал за долгорочно финансирање на компаниите, предностите и карактеристиките на јавната емисија, како и котацијата на берза. Наведени  се и некои успешни приказни на јавна понуда кај нас и во светот.