Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Пеон брокер АД Скопје
среда, 19 февруари 2014
Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Пеон брокер АД Скопје, согласно Решението број УП1 08-4 од 10.02.2014 година на Комисијата за хартии од вредност, со кое трајно се одзема дозволата за работа на членката Пеон брокер АД Скопје. Одлуката за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Пеон брокер АД Скопје се применува од 19.02.2014 година.