Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции
вторник, 19 декември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 18.12.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 353 сопствени обични акции по цена од 138 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 18.12.2006 година Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 133 сопствени обични акции по цена од 7.201 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 18.12.2006 година Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 151 сопствени приоритетни акции по цена од 6.400 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.12.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 28 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 16 приоритетни акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 227 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 27 обични акции,
-ЕМО АД Охрид – 61 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 617 обични акции.