Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 18.11.2004 година
петок, 19 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 18.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 250 сопствени обични акции, по цена од 1.850 денари за една акција, преку 10 трансакции;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 5 сопствени обични акции, по цена од 2.700 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 8 сопствени обични акции, и тоа:
o 5 акции по цена од 12.400 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 3 акции по цена од 12.401 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 135 обични акции.