Јавна опомена за котираните друштва Макотекс АД Скопје и Оранжерии Хамзали АД Струмица
петок, 19 октомври 2018

На седницата одржана на 25.09.2018 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва:

  • Макотекс АД Скопје, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација, поради необјавување на образложение кон резултатите при објавувањето на неревидирните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и
  • Оранжерии Хамзали АД Струмица, друштво котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација, поради ненавремено објавување на ревидираните финансиски извештаи за 2014 година и годишниот извештај за работењето во 2014 година, ненавремено објавување на ревидираните финансиски извештаи за 2015 година и годишниот извештај за работењето во 2015 година и заради необјавување на образложение кон резултатите при објавувањето на неревидирните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година.