Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 18.10.2006
четврток, 19 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 18.10.2006 година Европа АД Скопје изврши откуп на 1.147 сопствени обични акции по цена од 4.568 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-EМО АД Охрид – 67 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 1.556 обични акции.