Kонверзија на приоритетни ви обчни акции на Комерцијална банка АД Скопје
среда, 19 октомври 2005
Комерцијална банка АД Скопје известува дека на барање на акционери-сопственици на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје број 02-1600-11398/25.03.2004 година донесена на 17-та редовна седница на Собранието на Банката одржана на 24.03.2004 година, Банката достави барање до Централниот депозитар за хартии од вредност да изврши конверзија на вкупно 559 приоритетни акции во 559 обични акции издадени од Банката.
Централниот депозитар за хартии од вредност со писмо ја известил банката дека постапил по нејзиното барање.
Со тоа, новата состојба на бројот на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје:
- 152.707 приоритетни акции и
- 1.861.360 обични акции.