Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 18.10.2004 година
вторник, 19 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 18.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 2.065 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 5 трансакции;
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции, по цена од 12.100 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 216 сопствени обични акции, по цена од 980 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.10.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 1.288 обични акции;
- Жито Струмица АД Струмица – 965 обични акции;
- Макотекс АД Скопје – 44 обични акции.