Ново раководство во Благој Ѓорев АД Велес
понеделник, 19 јануари 2004
Во денешното издание на дневниот весник Дневник е наведено дека акционерите на Благој Ѓорев АД Велес именувале ново раководство на редовното акционерско собрание. За нов директор е избран Аце Начаров, а избран е и нов борд од шест неизвршни директори.