Гранит АД Скопје - откуп на сопствени акции
понеделник, 19 јануари 2004
На седница одржана на 19.12.2003 година Управниот одбор на Гранит АД Скопје донел Одлука за дополнување на Одлуката за откуп на сопствени акции од 11.02.2003 година, со следните елементи:
- број на акции кои можат да се откупат од страна на друштвото е 289.360 акции;
- минималната цена за откуп на акциите на Берзата е 60,00 денари, а максималната цена е 100,00 денари;
- рокот за откуп на сопствените акции е од 12.02.2003 до 31.01.2004 година.