Нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 18 септември 2007
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.09.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Бетон АД Скопје – 11 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 12 обични акции,
- Макпетрол АД Скопје – 7 обични акции,
- Тутунски комбинат АД Прилеп – 64 обични акции.