Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуро Брокер АД Скопје, согласно Решението број 08 УП1 86 од 14.08.2014 година на Комисијата за хартии од вредност, со кое трајно се одзема дозволата за работа на членката Еуро Брокер АД Скопје. Одлуката за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуро Брокер АД Скопје се применува од 18.08.2014 година.
Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуро Брокер АД Скопје
понеделник, 18 август 2014