Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 17.08.2006
петок, 18 август 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 17.08.2006 година ЗК Пелагонија АД Битола изврши откуп на 1.798 сопствени обични акции по цена од 3.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.08.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Факом АД Скопје – 87 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 1.512 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид – 33 обични акции,
-Жито Битола АД Битола – 110 обични акции.