Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 17.07.2024 година ОКТА АД Скопје изврши откуп на 238 сопствени обични акции по цена од 5.390,00 денари за една акција, преку пет трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.07.2024 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Тутунски комбинат АД Прилеп - 134 обични акции
- Макпетрол АД Скопје - 55 обични акции