Ве известуваме дека на 18.07.2022 година Берзата изврши бришење на издавачот Интерпромет АД Тетово од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена статусната промена согласно одлуката за поделба на друштвото.
Интерпромет АД Тетово беше внесен на 11.03.2022 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради донесена одлука за поделба на друштвото, а до конечниот исход од постапката за спроведување на статусната промена – поделба на друштвото.
Бришење на издавачот Интерпромет АД Тетово од „Листата за набљудување“
понеделник, 18 јули 2022