Намалување на надоместокот за тргување со државни записи
понеделник, 18 јули 2005
Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје известува дека е извршено намалување на надоместокот за тргување со државни записи, издадени од Министерство за финансии на РМ и истиот сега изнесува 0,025% од вредноста на извршената трансакција. Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје бр.02-537/1 од 21.03.2005 година, надоместокот за тргување со државни записи се намалува од 0,12%, на 0,025%, за што е добиена согласнот од Комисијата за хартии од вредност со решение бр.04-1513/1 од 29.06.2005 година. Со ова намалување, Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје има за цел да го стимулира секундарното тргување со овој вид на хартии од вредност.