Акциите на три друштва исклучени од котација
понеделник, 18 јули 2005
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 16.07.2005 година донесе Одлука за исклучување од котација на акциите на Жито Скопје АД Скопје, Млаз АД Богданци и ШИК Јелак АД Тетово.
Акциите на овие друштва се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 18.07.2005 година. Од истиот датум со акциите на Жито Скопје АД Скопје, Млаз АД Богданци и ШИК Јелак АД Тетово ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.