Одлука за откуп на сопствени акции на Макпетрол АД Скопје
петок, 18 јули 2003
На својата седница на Собранието на акционери, одржано на 24.05.2003 година, Макпетрол донесе Одлука за откуп на сопствени акции.
Од распределените средства од добивката за резерви, за купување сопствени акции, во износ од 20.000.000,00 денари, се одобрува купување на максимум 3.000 сопствени акции по најниска цена од 6.000,00 денари, а највисока цена до 20.000,00 денари.
Купувањето на акциите ќе се изврши согласно законските прописи, во корист на Макпетрол АД Скопје, во рок од 12 месеци од денот на донесувањето на Одлуката на седницата на Собранието на акционери на Макпетрол АД Скопје.
Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје ќе ја определува цената по која ќе се продаваат сопствените акции.