На 15.06.2012 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10, МБИД и на индексот на обврзници ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола, ТТК Банка АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следниве акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје и КЈУБИ Македонија АД Скопје .
Осумте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат околу 77% од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатото шестмесечие.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Трета емисија (RMDEN03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10) и Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11).
Следната редовна ревизија на МБИ10, МБИД и ОМБ ќе се изврши на 15.12.2012 година.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2012 година.