Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 17.06.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-69 сопствени обични акции по цена од 36.000 денари за една акција, преку 6 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.06.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ЗК Пелагонија АД Битола – 20.548 обични акции,
- ЕМО АД Охрид – 95 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 18 јуни 2008