Ревидиран извештај за 2003 година на Жито Битола АД Битола
петок, 18 јуни 2004
Жито Битола АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 59.723.000 денари. Вкупната актива на Жито Битола АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 1.355.516.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 803.907.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Жито Битола АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.