Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје
петок, 18 јуни 2004
РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 19.000 денари. Вкупната актива на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 183.886.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 92.655.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.